За нас
Биографија
Адвокат Александар Георгиев - Калица
Дипломирал на правниот факултет ,,Јустинијан први” - Скопје. Постдипломските студии ги продолжува на истиот факултет на насоката ,,Граѓанско процесно и материјално право” каде во 2012 година се стекнува со звањето Магистер по право од областа на граѓанско материјално и процесно право. После завршување на студиите првото работно искуство го стекнува во нотарска канцеларија во Скопје. Големиот интерес кон адвокатурата , ќе биде причината да започне со работа во адвокатска канцеларија ,,Калица" во Битола во 2012 година, каде како приправник и стручен соработник работи се до почетокот на 2015 година, кога се запишува во именикот на адвокатите на Република Македонија. Се јавува и како еден од основачите на специјализираниот сајт за правни информации Правдико.мк, преку кој значително придонесува за достапноста на правните информации, како за правничката фела така и за пошироката јавност. Автор е на првиот ,,Речник на правни поими" кој го издаде во јануари 2016 година и на Второто дополнето издание кое е издадено во септември 2017 година.
Услуги
Нашата канцеларија нуди застапување на физички и правни лица пред судовите на РМ, институциите и други органи на управата, консултации ,совети и насоки за разни правни проблеми од сите области на правото.
СОПСТВЕНОСТ
- Стекнување и заштита на правото на сопственост;
- Делба на имот;
- Утврдување на делoви во брачна и вонбрачна заедница;
- Поврат на недвижен и подвижен имот;
- Заштита од вознемирување на сопственоста;
- Заштита на владението и заштита од смеќавање;
- Утврдување и престанок на службености;
- Заштита на правото во етажна сопственост;
- Уредување на меѓи.
ОБЛИГАЦИОНО ПРАВО
- Водење преговори и составување на секаков вид на договори;
- Надомест на материјална и нематеријална штета;
- Штета предизвикана од кривично дело;
- Поништување и раскинување на договори;
- Враќање на стекнувањето без основ;
- Утврдување ништовност на договори;
- Надоместа на штета од граѓанска одговорност за навреда и клевета;
- Регулирање на должничко – доверителски односи.
СЕМЕЈНО И НАСЛЕДНО ПРАВО
- Застапување во оставински постапки;
- Советување при делба на наследство;
- Утврдување дека определен имот влегува во оставината;
- Оспорување својство на наследник;
- Утврдување на наследен дел на скриени наследници;
- Поништување на тестамент;
- Составување на договори за дозживотна издршка и договори за отстапување на имот за време на живот;
- Развод на брак и определување издршка на малолетни деца;
- Намалување или зголемување на издршка;
ИТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
- Заштита на авторското право;
- Надомест на штета од повреда на авторските права;
- Парични побарувања кои произлегуваат од авторски права;
- Заштита од повреда на права од индустриска сопственост
УПРАВНО ПРАВО
- Застапување во административни постапки;
- Поведување управни спорови;
- Управни спорови според Законот за катастар на недвижност
- Постапки за експропријација и утврдување на доместок при експропријација.
- Јавни набавки
КРИВИЧНО ПРАВО И ПРЕКРШОЦИ
- Поведување кривична постапка;
- Одбрана на обвинети лица;
- Учество во сите стадиуми на кривична постапка;
- Прекршочна постапка
Публикации и активности

Речник на правни поими
Прво издание 2015
Речникот на правни поими претставува збир на дефиниции на правни поими и фрази од македонското законодавство, внимателно избрани со цел нивно полесно разбирање и употреба во секојдневниот говор и работа.

Речник на правни поими
Второ издание 2017
Со дополнителни 1500 правни термини и 300 нови латински правни изреки, ова издание содржи вкупно 3500 правни поими и 590 популарни латински правни изреки. Речникот наоѓа голема примена кај студентите, посебно оние кои го изучуваат правото и постојано се среќаваат со нови правни поими.

Збирка на судски одлуки од примената на Законот за сопственост и други стварни права
Збирка на судски одлуки од примената на Законот за сопственост и други стварни права
Збирка на судски одлуки од примената на Законот за сопственост и други стварни права

Pravdiko.mk
Co-owner
Цел на порталот ПРАВДИКО е промовирање на правата и обврските на граѓанинот во различни области, како и претставување на нивните можности на делување пред судската власт и институциите на РМ. Порталот нуди редовно информирање на сите предложени и донесени прописи како и пристап кон најголемата база на категоризирани закони и обрасци.

Institute for Research and European Studies
PR Consultant
The Institute for Research and European Studies (IRES) is a non-profit, nongovernmental and politically unconditioned think-tank, founded by several young scholars and researchers. As a think-tank, IRES is determined to achieve applied, policy-oriented research, to enable various models of informal education, and to promote discussion on the most pressing and contemporary political, legal, security and economic issues regarding the European and International Affairs.

Rotary club Bitola Shirok Sokak
Proud member
Контакт
Секогаш достапни за правни консултации