/

За нас

Адвокатската канцеларија „Калица” со седиште во Битола, e основана во 2000 година, од страна на адвокатот Петар Георгиев Калица, како долгогодишен практичар во областа на граѓанското право. Во 2012 година, во канцеларијата се приклучува Александар Георгиев Калица, најпрво како стручен соработник, а потоа и како адвокат кој ја продолжува семејната традиција на канцеларијата. Обезбедувањето на квалитетна и стручна правна помош е нашиот главен приоритет, задоволувајќи ги потребите и барањата на клиентите, преку врвни правни услуги и совети. Се водиме од принципите на професионалност, флексибилност, навременост и доверливост. Со долгогодишно искуство и пракса, Ви нудиме застапување во сите граѓански, кривични, работни, управни и стопански спорови, заштита на авторските права и интелектуална сопственост, како и друг вид на спорови и постапки пред судовите на РМ, институции и други органи на управата. Својата дејност адвокатската канцеларија ја остварува на целата територија на Република Македонија. Услугите ги даваме на македонски и англиски јазик, а за други јазици соработуваме со овластени судски преведувачи.

Биографија

Адвокат Александар Георгиев - Калица

 

Дипломирал на правниот факултет ,,Јустинијан први” - Скопје. Постдипломските студии ги продолжува на истиот факултет на насоката ,,Граѓанско процесно и материјално право” каде во 2012 година се стекнува со звањето Магистер по право од областа на граѓанско материјално и процесно право. После завршување на студиите првото работно искуство го стекнува во нотарска канцеларија во Скопје. Големиот интерес кон  адвокатурата , ќе биде причината да започне со работа во адвокатска канцеларија ,,Калица" во Битола во 2012 година, каде како приправник и стручен соработник работи се до почетокот на 2015 година, кога се запишува во именикот на адвокатите на Република Македонија. Се јавува и како еден од основачите на специјализираниот сајт за правни информации Правдико.мк, преку кој значително придонесува за достапноста на правните информации, како за правничката фела така и за пошироката јавност. Автор е на првиот ,,Речник на правни поими" кој го издаде во јануари 2016 година и на Второто дополнето издание кое е издадено во септември 2017 година.

Услуги

Нашата канцеларија нуди застапување на физички и правни лица пред судовите на РМ, институциите и други органи на управата, консултации ,совети и насоки за разни правни проблеми од сите области на правото.

СОПСТВЕНОСТ

  • Стекнување и заштита на правото на сопственост;
  • Делба на имот;
  • Утврдување на делoви во брачна и вонбрачна заедница;
  • Поврат на недвижен и подвижен имот;
  • Заштита од вознемирување на сопственоста;
  • Заштита на владението и заштита од смеќавање;
  • Утврдување и престанок на службености;
  • Заштита на правото во етажна сопственост;
  • Уредување на меѓи.

ОБЛИГАЦИОНО ПРАВО

  • Водење преговори и составување на секаков вид на договори;
  • Надомест на материјална и нематеријална штета;
  • Штета предизвикана од кривично дело;
  • Поништување и раскинување на договори;
  • Враќање на стекнувањето без основ;
  • Утврдување ништовност на договори;
  • Надоместа на штета од граѓанска одговорност за навреда и клевета;
  • Регулирање на должничко – доверителски односи.

СЕМЕЈНО И НАСЛЕДНО ПРАВО

  • Застапување во оставински постапки;
  • Советување при делба на наследство;
  • Утврдување дека определен имот влегува во оставината;
  • Оспорување својство на наследник;
  • Утврдување на наследен дел на скриени наследници;
  • Поништување на тестамент;
  • Составување на договори за дозживотна издршка и договори за отстапување на имот за време на живот;
  • Развод на брак и определување издршка на малолетни деца;
  • Намалување или зголемување на издршка;

ИТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

  • Заштита на авторското право;
  • Надомест на штета од повреда на авторските права;
  • Парични побарувања кои произлегуваат од авторски права;
  • Заштита од повреда на права од индустриска сопственост

УПРАВНО ПРАВО

  • Застапување во административни постапки;
  • Поведување управни спорови;
  • Управни спорови според Законот за катастар на недвижност
  • Постапки за експропријација и утврдување на доместок при експропријација.
  • Јавни набавки

КРИВИЧНО ПРАВО И ПРЕКРШОЦИ

  • Поведување кривична постапка;
  • Одбрана на обвинети лица;
  • Учество во сите стадиуми на кривична постапка;
  • Прекршочна постапка

Публикации и активности

Контакт

Секогаш достапни за правни консултации

Контакт
077/594-993
Адреса
Булевар 1-ви Мај бр. 202, Спрат 3, Канцеларија 23 Битола